Свет
Аргентина: Избегната трагедија на пречекот на фудбалерите
20.12.2022 11:59
Дел од фудбалерите биле во задниот дел на врвот на автобусот кој ги возел низ улиците на Буенос Аирес кога наишле на жици од далновод...

Авионот со светските шампиони од Катар слета рано наутро по средноевропско време во Буенос Аирес. Илјадници Аргентинци излегоа да ги поздрават националните херои. Прославата за малку избегнала да се претвори во трагедија.
Дел од фудбалерите биле во задниот дел на врвот на автобусот кој ги возел низ улиците на Буенос Аирес, кога наишле на жици од далновод. За среќа навреме ги наведнале главите и го избегнале најлошото.
