Македонија

Вработените во Државниот завод за ревизија даруваа крв

20.12.2022 12:20

Нема похумана работа од желбата да се помогне и да се спаси нечиј живот. Оние кои даруваат крв велат, додека можат, секогаш ќе го прават тоа. Околу 30 вработени во Државниот завод за ревизија се вклучија во оваа хумана акција...

„Правам добро дело, спасувам нечиј живот. Со секоја капка крв која ја подарувам некому се чувствувам се подобро“, вели Насер, кој од својата 18-та година дарува крв веќе 12-ти пат.

Нема похумана работа од желбата да се помогне и да се спаси нечиј живот. Оние кои даруваат крв велат, додека можат, секогаш ќе го прават тоа.

„Во светот полн со нула позитивни да бидеме нечиј А, Б, негатив, ретки и неопходни“ е мотото на крводарителската акција во Државниот завод за ревизија. Велат, целта е да се подигне свеста кај населението.

Околу 30 вработени во Државниот завод за ревизија се вклучија во оваа хумана акција.

Хумано, корисно, безбедно, дарувањето крв е нешто што луѓето може да си го подарат еден на друг, а има моќ да спаси живот.

Ана Ј. Тодоровска