Урбани и сообраќајни решенија во Полошкиот регион
Во Тетово се градат огромни зданија без да се испланира, но не и јавна инфраструктура за станарите. Ваквата пракса низ години создаде сообраќаен и урбан хаос во градот. Моментално за целиот Полошки регион за работи на студија која ќе даде предлози за надминување на проблемите урбаното лудило во општините...

Во Тетово, згради никнуваат како печурки. На тесни улици без да се обезбеди паркинг и нормална сообраќајна комуникација. Старата и дотраена јавна инфраструктура планирана за стотина, сега ја користат илјадници семејства, градот стана урбано лудило, се жалат тетовци.
Градоначалникот Билал Касами се правда дека одобренијата за градба ги давала претходната локална самоуправа, без да им се обезбеди соодветна инфраструктура на станарите. Тој денеска учествуваше на Работилница за урбано и транспортно планирање за целиот Полошки регион, за кој треба да се изработи студија. Таа ќе даде предлози за надминување на проблемите со сообраќајниот и урбаниот хаос.
Целта на студијата е да има повеќе пешачки зони и велосипедски патеки, со цел растеретување на сообраќајот, но и бетонизацијата на градот.
Студијата ќе има даде насоки на општините од полошко, како во иднина да ги развиваат урбанистички планови.
Зоран Димовски
