Зибери: Институциите потфрлија во расветлување на дојавите за бомби
Надлежните институции потфрлија со навремената реакцијата за анонимните дојави за бомби, вели народниот правобранител. Според Зибери, недозволиво е и по три месеци да нема конкретни резултати…

Несправувањето со анонимните дојави за бомби во училиштата е израз на слабоста на надлежните институции, тврди омбудсманот Зибери. Дека потфрлија, покажува тоа што и после три месеци од првата дојава за бомба, не успеаја да преземат мерки за обезбедување на соодветниот простор, каде се изведува образованиот процес. Не само што тоа директно влијае на квалитетот на образованието, туку се работи за повреда на основното право на образование, додава Зибери.
Народниот правобранител изрази сомнеж и во однос на состојбите во судството. Последните пресуди како онаа на Апелацискиот суд за „Таргет-Тврдина“, според него, укажуваат дека нема доволно спремност, капацитети и ресурси, особено кај Судскиот и Советот на обвинители за да ја променат оваа состојба.
Зибери очекува дека до крајот на годината бројот на претставки од граѓаните да достигне до 3.000 и дека процентуално во однос на судството, како и години наназад, ќе бидат најбројни.
Фиљана Кока
