Ракомет

Барселона – Флензбург и Кил – Веспрем за трофејот во ЛШ

29.04.2014 13:59

По минатогодишниот финален пораз од Хамбург единствениот македонец на завршниот турнир на најдобрите 4 екипи во лигата на европските шампиони Кире Лазаров со Барселона во првото полуфинале на фајнл-фор турнирот во Келн ќе игра со Флензбург, додека финалистот од лани Кил патот до новото финале ќе го бара низ мечот со Веспрем.

Ждрепката за полуфиналните дуели во лигата на шампионите му дава шанса на Кире Лазаров за одмазда на драматичната елиминацијата на неговиот помал брат Филип со екипата на Вардар во 1/4финалето токму од екипата на Флензбург.

Полуфиналните мечеви во Ланксес арената во Келн ќе бидат одиграни на 31 мај, а мечот за трето место и големото финале на 1 јуни.

На денешната ждрепка во Келн беа извлечени и двојките за фајнl-фор турнирот во ЕХФ купот, што ќе се одржи во Берлин. Романска Констанца во чии редови е Бранислав Ангеловски, а од клупата ја води Звонко Шундовски во полуфиналето ќе игра  со француски Монпелје, додека  во второто полуфинале ќе се сретнат домаќинот Фуксе Берлин и екипата на  ПИК Сегед.