Белград

Вучиќ: НАТО да го штити нашиот народ

20.12.2022 14:25

На средбата со адмирал Стјуарт Манч, српскиот претседател Вучиќ побара заштита од НАТО на заедницата во северно Косово...

На средбата со адмирал Стјуарт Манч, српскиот претседател Вучиќ побара заштита од НАТО на заедницата во северно Косово.

„Не можете, додека апсите Срби и додека одбивате да го спроведете договорот, да зборувате за нов договор“, изјави министерот за надворешни работи Дачиќ.

Србите и натаму не ги напуштаат барикадите. Бараат ослободување на тројцата нивни сонародници, но и повлекување на специјалните сили на косовската полиција.