Џафери-Шентоп: Двете земји негуваат силно традиционално пријателство и партнерство
Претседателот на Големото национално собрание на Туркије, Мустафа Шентоп нагласи, Македонија е братска и пријателска земја и значаен партнер на Република Туркије, а односите меѓу двете земји, се развиваат во мултидимензијални рамки...

Претседателот на Собранието, Џафери, на средба со претседателот на Големото национално собрание на Туркије, Мустафа Шентоп, нагласи дека двете земји негуваат силно традиционално пријателство и партнерство, а билатералната соработка меѓу двете земји е динамична на сите нивоа.
Претседателот на Големото национално собрание на Туркије, Мустафа Шентоп нагласи, Македонија е братска и пријателска земја и значаен партнер на Република Туркије, а односите меѓу двете земји, се развиваат во мултидимензијални рамки.
Посета на Шентоп на земјава е во рамките одбележувањето на Денот на наставата на турски јазик. Претседателот на турското Собрание нагласи дека е особено значајно турската заедница во земјава да го ужива правото на образование на мајчин јазик.
