Критичина ситуацијата во Бразил!
Иако до Олимписките игри во Рио де Жанеиро има повеќе од две години, Интернационалениот олимпски комитет е незадоволен и загрижен затоа што подготовките за најголемиот спортски настан сериозно доцнат. Поради тоа е формирана специјална група којашто ќе се обиде да помогне и да ги забрза подготовките за Олимпијадата во 2016-та година.

Моменталната проценка на ИОК е дека ова се најлошите подготовки, дури и понеорганизирани од оние за ОИ во Атина 2004-та. Што е најзагрижувачки, соработката меѓу државата и градот е катастрофална и што нема план Б, меѓу другото поради економската криза којашто владее во земјата како и забрзаните подготовки за Светското првенство во фудбал што оваа година ќе се одигра во Бразил.
Рио де Жанеиро доцни со изградбата на речиси сите борилишта и во моментов недостасуваат околу 3000 места за спиење во „Олимпиското село“, а со тоа автоматски се зголемуваат трошоците.
„Ситуацијата е критична, но немаме друг избор туку мораме да помогнеме и да продолжиме со напорна работа“, изјави 63 – годишниот Џон Коатес кој е потпретседател на ИОК и кој 40 години се занимава со организација на Олимписки игри.