Амазон постигна договор со ЕУ, избегна казна
Европската комисија отвори истрага во јули 2019 година, обвинувајќи го Амазон дека ги користи податоците на независните клиенти за да ја подобри сопствената понуда, со што директно ѝ штети на конкуренцијата. Амазон се согласи да ги промени своите практики и повеќе нема да користи податоци за продавачите.

Амазон денеска постигна спогодба со Европската унија за три истраги бидејќи се согласи да ги промени практиките што предизвикаа загриженост и на тој начин да избегне казна што може да изнесува 10 отсто од вкупниот годишен приход.
Во првиот случај, Амазон беше обвинет дека ја користи својата големина, моќ и податоци со кои располага за да им даде предност во продажбата на сопствените производи, што е неправедна предност во споредба со конкурентите кои исто така користат Амазон.
Европската комисија отвори истрага во јули 2019 година, обвинувајќи го Амазон дека ги користи податоците на независните клиенти за да ја подобри сопствената понуда, со што директно ѝ штети на конкуренцијата. Амазон се согласи да ги промени своите практики и повеќе нема да користи податоци за продавачите.
Комисијата ги прифати обврските на Амазон, објави на прес-конференција европската комесарка за конкуренција Маргрет Вестагер.
Во друг случај, Aмазон се согласи да воспостави втора продажна кутија наречена „buybox” за конкурентен производ доколку тој производ значително се разликува по цена и време на испорака од оној што се нуди.
Во третиот случај, Комисијата отвори истрага сомневајќи се дека Амазон им дава повластен статус на продавачите кои ги користат услугите за логистика и испорака на Амазон. Амазон сега се согласи дека продавачите на Амазон Prime можат да изберат свои услуги за логистика и испорака што се разликуваат од оние избрани и одобрени од Амазон.
Иако сè уште не се согласуваме со неколку заклучоци на Европската комисија, ние сме посветени конструктивно да продолжиме да им служиме на клиентите во Европа, рече портпаролот на Амазон.
