ДИК ги преброи сите гласови- конечната состојба на пратенички места останува непорменета

29.04.2014 14:54

Денеска во 19 часот завршува рокот за поднесување приговори во ДИК...

Државната изборна комисија ги преброи сите гласови од вториот круг претседателски избори и предверемените парламентарни кои се одржаа во неделата. По обработени 100 % од гласовите, состојбата со пратенички места останува непроменета.
 
Партијата ВМРО-ДПМНЕ на предвремените парламентарни избори освои 481.615 гласа што и носи 61 пратеничко место. СДСМ освои 283.955 гласа, со што добива 34 пратенички места. ДУИ освои 153.646 гласа, односно 19 пратенички места, ДПА 66.363 гласа или 7 пратенички места, ГРОМ 31.610 гласа што и носат едно пратеничко место, а 17.783 гласа на НДП исто така и носат едно пратеничко место.
 
Денеска во 19 часот завршува рокот за поднесување приговори во ДИК. Досега се поднесени два приговора од ДУИ за гласањето во дијаспората.
 
Во однос на вториот круг на претседателските избори соодносот изгледа вака: 534.910 гласови за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорге Иванов и 398.077 за Стево Пендаровски, кандидатот на СДСМ.