САД

Зеленски во посета на Вашингтон

21.12.2022 09:21

Украинскиот претседател Зеленски потврди дека е на пат за Вашингтон, во неговата прва странска посета по избувнувањето на војната во Украина...

Украинскиот претседател Зеленски потврди дека е на пат за Вашингтон, во неговата прва странска посета по избувнувањето на војната во Украина.

Се очекува да пристигне во Белата Куќа на средба со неговиот колега Џо Бајден, пред да го посети Капитол за да разговара со лидерите на демократската и на Републиканската партија.

Еднодневната посета ќе ја заврши со обраќање на заедничката седница на Конгресот, кој се подготвува да гласа за нацрт-законот за трошоци што вклучува повеќе од 40 милијарди долари дополнителна воена помош за Украина.