Перу
Општите избори поместени со цел крај на тензиите
21.12.2022 09:23
Конгресот на Перу реши да го промени изборниот календар. Општите избори планирани за 2026 година ги поместија за април 2024 година со цел да се намалат политичките тензии и да се запрат смртоносните протести...

Конгресот на Перу реши да го промени изборниот календар. Општите избори планирани за 2026 година ги поместија за април 2024 година со цел да се намалат политичките тензии и да се запрат смртоносните протести.
Причина е соборувањето и апсењето на претседателот Педро Кастиљо, кој беше отстранет од функцијата и приведен, откако го распушти Конгресот во обид да владее со декрет.
Во нередите досега загинаа над 20 луѓе, стотици беа повредени, а илјадници туристи останаа заглавени во земјата, меѓу нив, и оние во Мачу Пикчу.
