САД

Даночните пријави на Трамп ќе бидат објавени

21.12.2022 09:24

Комитетот за финансии и државен буџет на Претставничкиот дом на САД гласаше за објавување на делумно редактираните даночни пријави на поранешниот американски претседател Доналд Трамп...

Комитетот за финансии и државен буџет на Претставничкиот дом на САД гласаше за објавување на делумно редактираните даночни пријави на поранешниот американски претседател Доналд Трамп.

Одборот рече дека американските даночни службеници не извршиле соодветна ревизија на неговите пријави за време на неговиот претседателски мандат.

Членовите на комитетот гласаа за објавување на пријавите поднесени од Трамп меѓу 2015 и 2021 година.