Велика Британија

Штрајк на вработените во брзата помош

21.12.2022 09:25

По непостигнатиот договор за повисоки плати и прекинот на работата на медицинските сестри, штрајк и на брзата помош во Англија и Велс...

По непостигнатиот договор за повисоки плати и прекинот на работата на медицинските сестри, штрајк и на брзата помош во Англија и Велс.

Владата предупредена дека е загрозена безбедноста на пациентите и дека сами ќе треба да се снаоѓаат за да стасаат до болница.

Здравствените синдикати бараат зголемувањето во чекор со инфлацијата, која во ноември беше 10,7 насто, додека Владата смета дека двоцифреното зголемување на платите дополнително ќе ја поттикне инфлацијата и нуди зголемување од околу четири насто.