Конституирање на Собранието најдоцна до 17-ти мај
Доколку таа не се закаже во уставно предвидениот рок, пратениците сами се состануваат и го конституираат законодавниот дом на дваесет и првиот ден од денот на завршувањето на изборите...

Новиот собраниски состав треба да се конституира најдоцна 20 дена по одржаните избори. Според член 81 од Уставот пак,новоизбраниот претседател на државата Ѓорге Иванов треба да го почне новиот мандат најдоцна до 12 мај, со давање свечена изјава пред пратениците, со која ќе се обврзе на почитување на Уставот и на законите. Првата конститутивната собраниска седница ја свикува спикерот од претходниот состав.
Пратениците во Собранието се избираат за време од четири години. Мандатот на пратениците го верифицира Собранието. мандатот почнува да тече од конститутивната седница на Собранието. Новоизбраното Собрание се состанува на конститутивна седница најдоцна 20 дена по одржаните избори.
Доколку таа не се закаже во уставно предвидениот рок, пратениците сами се состануваат и го конституираат законодавниот дом на дваесет и првиот ден од денот на завршувањето на изборите.Во тој случај седницата ја свикува најстариот по години избран пратеник.Според највисокиот акт на државата, Претседателот го доверува мандатот за формирање Влада.Тоа треба да се случи најдоцна до 27 мај годинава.
Претседателот на Република Македонија е должен во рок од десет дена од конституирањето на Собранието мандатот за состав на Владата да го довери на кандидат на партијата, односно партиите што имаат мнозинство во Собранието.
Мандатарот од партијата, односно партиите што имаат мнозинство, во рок од 20 дена од денот на доверувањето на мандатот,пред пратениците поднесува програма и го предлага составот на владиниот тим. Владата се избира со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници,најдоцна до 16 јуни.
Милчо Велески
