МВР

Претрес во Струмица, пронајдена дрога

21.12.2022 10:24

Вчера во 16 часот, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода Д.И.(29) од Струмица...

Вчера во 16 часот, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода Д.И.(29) од Струмица.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и масло од канабис.

Лицето било задржано во Полициската станица Струмица, за настанот бил известен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава - соопштуваат од МВР.