Образование

Шаќири оствари средба со новиот Шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Килиан Вал

21.12.2022 10:31

Мисијата на ОБСЕ во Скопје ќе продолжи да ја поддржува Северна Македонија во напорите за унапредување на сите општествени сегменти, вклучително и образовниот систем кој е всушност клучниот столб на националната стратегија за развој...

Мисијата на ОБСЕ во Скопје ќе продолжи да ја поддржува Северна Македонија во напорите за унапредување на сите општествени сегменти, вклучително и образовниот систем кој е всушност клучниот столб на националната стратегија за развој. Без понуда на квалитетно образование, не може да се создадат граѓани кои ќе бидат креатори и имплементатори на промените што ги наложува новото време и кои мора да се случат заради интегрирање на државата во европското семејство на развиените земји.

Ова е заклучокот од средбата што денеска ја имаа министерот за образование и наука д-р Јетон Шаќири и новиот Шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Килиан Вал, на која се дискутираше за тековните реформски процеси кои ги спроведува МОН, особено во делот на основното образование, но и за идните планови кои ќе бидат поддржани од оваа организација.

Министерот Шаќири рече дека МОН ќе продолжи да гради хармонична училишна средина во која учениците ќе имаат меѓусебна доверба, ќе се почитуваат и нивна заедничка цел ќе биде вложување на стекнатото знаење во напредокот на својата земја.

Амбасадорот Вал кој воедно е добар познавач на приликите во Северна Македонија, имајќи предвид дека повеќе од 20 години работи во регионот, рече дека Мисијата на ОБСЕ ќе даде нов импулс на образовните политики во следниот период и дека освен поддршката преку тековни проекти и активности, ќе се работи и на воспоставување нови соработки со цел зајакнување на улогата на образовните установи.