Македонија

Премиера на „Татко на татковината“ во Народниот театар Битола

21.12.2022 11:25

Вечер Битолскиот народен театар премиерно ќе ја изведе претставата , Татко на татковината,, во режија на младиот Хрват, Иван Пеновиќ. Адаптацијата на култната драма на Алфред Жари за Кракот Иби е сместена во жанрот на комедија и го доведува до судар двата света, фиктивниот и оној што се преправа дека не е тоа...

Комедијата „Татко на татковината“, во режија на Хрватот, Иван Пеновиќ, е приказна која речиси со детски јазик го отвора прашањето за идентитетот, како индивидуалниот така и колективниот. Режисерот Пеновиќ нагласува дека ова е негова слободна адаптација и може да се гледа како на четврти дел или реинкарнација на првиот дел, од трилогијата на делото на Алфред Жари за Кралот Иби.

„За оваа претстава несомнено е дека актерите треба да поседуваат голема енергија и желба за работа. И двете работи во битолскиот ансанмбал ги најдов. Претставите ги гледам како полигон за отворање на теми со кои сме опкружени“, вели режисерот на претставата, Иван Пеновиќ.

Во претставата настапува 12-члена актерска екипа. Но сепак тежиштето е свртено кон главните ликови мама и тато Иби, поставувајќи го чувството за припадност како основа во формирањето цврст идентитет.

Инаку, и овојпат, оваа театарска куќа со набиена предновогодишна агенда. Ден по премиерата со претставата „Демони“, заминуваат на гостување во Сараево, а за 27-ми месецов на домашната сцена ја поставуваат и детската новогодишна претстава, „Божиќна приказна“.

Стевче Митревски