Авганистан

Гутереш: Со забраната за образование се кршат права на девојчињата и жените во Авганистан

21.12.2022 12:31

САД и Обединетите нации со остра реакција на одлуката на талибанските власти, со која на жените во Авганистан им се забранува да студираат.

САД и Обединетите нации со остра реакција на одлуката на талибанските власти, со која на жените во Авганистан им се забранува да студираат.

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, изјави дека одлуката на Талибанците ја примил со длабока загриженост. Апелира до талибанските власти да обезбедат еднаков пристап до образование на сите нивоа и повтори дека со ускратување на образованието, не само што се кршат правата на жените и девојчињата, туку ќе доведе до разорно влијание врз иднината на земјата.