Жестоки судири во Доњецк
Најмалку 14-мина се повредени, меѓунив и еден украински новинар...
Во Доњецк, кој се подготвува за референдум за независност на 11 мај, жестоки судири меѓу украинските и проруските демонстранти. Најмалку 14-мина се повредени, меѓунив и еден украински новинар.
„Различните луѓе во Украина можат да живета во мир и можат да имаат разбирање едни за други“, вели еден демонстрант.
Европската унија ја објави листата на 15те Руси, против кои се воведуваат санкции поради загрозување на територијалниот интегритет, суверенитет и независност на државата. На листата е и началникот на генералштабот на руската војска Валериј Герасимов. Европската Унија и САД ја обвинуваат Москва за дестабилизација на Украина. Јапонија воведе визи и ограничување на движење на 23јца рускидржавјани. Кетрин Ештон езагрижена за состојбата, го осуди вчерашниот напад на градоначалникот на Харков, Генадиј Кернес кој поради сериозноста на повредите е пренесен на лекување во Израел.
„Сосотјбата во Украина е сериозна и затоа САД одлучија да воведат санкции, го осудуваме секој чекор на насилство. Русија се уште може да преземе чекори кои ќе ја стабилизираат состојбата“, изјави Џен Псаки потпарол на Стејт департментот.
Медиумите јавуваат дека проруските активисти ослободиле 5 од седумте киднапирани жители, учесници во демонстрациите за единство на Украина.Жителите на Славјанск изјавија дека се изморени од судирите со западна Украина и дека се надеваат оти кризата ќе заврши мирно. Меѓународниот монетарен фонд со став дека ескалацијата на политичката криза во Украина го загрозува економското заздравување во Источна Европа, која ја подржува политиката на Вашингтон, за разлика од стара Европа предводена од Германија. Извештајот на ММФ оценува дека соседите на Русија - како што се Молдавија, Белорусија и балтичките земји ќе бидат сериозно погодени од понискиот руски раст.
Марија Петковска
