Црна Gора
Црна Гора парализирана од повеќемесечната владина криза, граѓаните на протести
21.12.2022 12:41
Околу 20 илјади демонстранти се собраа пред Парламентот во Подгорица, барајќи предвремени избори и повлекување на одлуката да му се одземе одлучувачката улога на претседателот во назначувањето на премиерот...

Продолжуваат протестите во Црна Гора. Околу 20 илјади демонстранти се собраа пред Парламентот во Подгорица, барајќи предвремени избори и повлекување на одлуката да му се одземе одлучувачката улога на претседателот во назначувањето на премиерот.
Спорниот закон беше изгласан минатиот понеделник од 41 пратеник во 80-члениот парламент. Црна Гора е парализирана од повеќемесечната владина криза, која го закочи процесот на интеграција на земјата за членство во Европската унија.
