Македонија

Електронска распределба на социјални станови во Свети Николе

21.12.2022 12:55

Со изградба на социјални станови создаваме услови за квалитетно домување на семејствата во социјален ризик, беше кажано на денес во Свети Николе, каде се изврши прелиминарна електронска распределба на становите во новоизградената социјална зграда. Идната година ќе се гради социјална зграда и во Штип...

Деца без родителска грижа, корисници на социјална помош, семејства на лица со попреченост и во социјален ризик аплицираа за еден од 48 станови во Свети Николе во новоизградената зграда за социјално ранливи семејства. Клаудија Стефановска е самохрана мајка која бара спас од мизерните услови на домување

За идната година 2,2 милиони евра од буџетот се планирани за изградба на социјални станови. Во тек на изградба се социјални згради во Пехчево, Бутел, Сарај, Велес и Кочани. Електронската распределба на становите во Свети Николе заврши, а конечната листа на станари ќе биде позната после теренската проверка на апликантите

Ова е четврта завршена зграда за социјално ранливите категории годинава, зградите во Пробиштип, Гостивар и Виница се вселени, а во финална фаза се зградите во Неготино, Демир Капија и Гевгелија.

Славица Величковска