Уште 60 американски доктори во Македонија

29.04.2014 15:43

Американскиот координатор Сандерс, кој донесе во Македонија 60 врвни лекари од САД, споредувајќи ја Македонија со многу земји каде што биле, смета дека овој модел е уникатен и многу повеќе од обична обука.

За 9 месеци 60 американски лекари при престојот во Македонија обучија 150 лекари од македонските болници на нови вештини, техники и методи за работа.                   

Американскиот координатор Сандерс, кој донесе во Македонија 60 врвни лекари од САД, споредувајќи ја Македонија со многу земји каде што биле, смета дека овој модел е уникатен и многу повеќе од обична обука. Еве ја неговата слика за Македонија.

„Овој проект го замислувам како голема санта мраз. Она што се гледа на површината е импресивно,но од поголема важност е она што не го гледаме-тоа е трајната професионална врска меѓу американските и македонските лекари. Сакам, кога ќе дојдеме по 10 или 20 години во очите на пациентите  да видиме дека имаат подобра здравствена заштита“ вели проф. д-р Енди Сандерс-координатор на проектот за едукација САД- Р.Македонија.

Интересот на Американците за доаѓање е голем. 60 доктори во три тима ќе дојдат наесен. Еден со 8 педијатриски експерти за невролошки развој и аутизам, вториот тим се хирурзи- трауматолози. Ќе доедуцираат 40 хирурзи за ургентни пациенти во критична состојба. Третиот тим ќе работи на унапредување на програмите за специјализација.

„Една од најважните работи што произлезе на површина од овој проект е да помогнеме за програмите на специјализација,односно по завршувањето специјалистот да биде способен да работи комплетно се“, изјави министерот за здравство Никола Тодоров.

Проектот на Владата и на Министерството за здравство за едукација на лекари во Македонија и во врвни странски  центри ја чини држават 1 милион евра.  Повеќето се за едукации надвор од земјава.

Соња Стојановска