Македонија

Публицистот Трајковски и новинарката Папранику-Бејтула добитници на наградата „Мито Хаџи Василев“

21.12.2022 14:15

Папранику – Бејтула своите новинарски трудови ги има објавувано во медиумите „Факти“, „Лајме“, „Коха“, а се истакнува и со емисии во Радио Скопје на теми европска интеграција, регионална соработка, слобода на медиумите. Награда за публицистика ја доби Александар Трајковски за својот активен ангажман во музичката публицистика...

Високото професионално ниво во новинарските достигнувања со брзо и точно известување, со посебен акцент на придонесот за актуализација за прашањата во областа на образованието и културата, како и за промоција на вредностите насочени кон подобрување на состојбите во јазичните, културните и човековите права, ја закитија Лаура Папранику – Бејтула со престижната државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“, за остварувања во областа на новинарството.

Папранику – Бејтула своите новинарски трудови ги има објавувано во медиумите „Факти“, „Лајме“, „Коха“, а се истакнува и со емисии во Радио Скопје на теми европска интеграција, регионална соработка, слобода на медиумите.

Награда за публицистика ја доби Александар Трајковски за својот активен ангажман во музичката публицистика.

Членот на Одборот на доделување на награди, Столе Наумов, разочаран поради слабиот интерес на медиумите, но и на носителите на државните функции кои не присуствуваа на доделувањето на оваа престижна државна награда.

Наградата „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ за првпат е доделена во 1969-та. Се доделува на 21-ви декември, денот на раѓањето на Мито Хаџивасилев Јасмин, новинар и македонски државник.

Марина Стојанова Тонева