Македонија
Признанието Повелба на Република Северна Македонија доделено на Царинската управа
21.12.2022 14:49
Претседателот Стево Пендаровски, денеска на свечена церемонија го додели признанието Повелба на Република Северна Македонија на Царинската управа...

Претседателот Стево Пендаровски, денеска на свечена церемонија го додели признанието Повелба на Република Северна Македонија на Царинската управа.
Признанието Повелба на Република Северна Македонија ѝ се доделува на Царинската управа за фундаментален придонес во осовременувањето и во развојот на економијата, застапувајќи ги и остварувајќи ги финансиските интереси на државата и на граѓаните на Република Северна Македонија, со што даде непроценлив придонес во развојот и во заштитата на целото општество.
