Скопје

Нова детска градинка во Аеродром со капацитет за згрижување на 200 деца

21.12.2022 15:24

Станува збор за објект кој се наоѓа во населбата Стар Аеродром, уреден со мотиви од македонсиот бренд „Светот на Биби“, на површина од 1.700 квадратни метри, опремен со осум занимални и најсовремени услови за згрижување на 200 дечиња.

Во Oпштина Аеродром официјално беше пуштен во употреба новоизградениот објект „Црвенкапа“ во рамките на детската градинка „Срничка“. На настанот свое присуство и обраќање имаа министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска, градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски и директорката на градинката, Александра Јелиќ - Исаиловска.

Станува збор за објект кој се наоѓа во населбата Стар Аеродром, уреден со мотиви од македонсиот бренд „Светот на Биби“, на површина од 1.700 квадратни метри, опремен со осум занимални и најсовремени услови за згрижување на 200 дечиња.

Градоначалникот Муцунски најавувајќи ги новите објекти за згрижување на деца кои во 2023 година ќе започнат да се градат во општина Аеродром потенцираше дека објектот кој денес се отвора е резултат на работата на претходните градоначалници на општината која имаат придонес во проектирањето, финансирањето и почетокот на изградбата на објектот.