Фестивалот „Таксират“ меѓу десетте најдобри фестивали во Европа
Ова признание „Таксират“ го доби и во 2016 година, а победниците од секоја категорија ќе бидат прогласени следната година на свеченото церемонијално доделување на Европските фестивалски награди, на 18-ти јануари во Гронинген, Холандија.

Најценетото признание во светот на музички фестивали „Европски фестивалски награди“ по втор пат оди во рацете на македонскиот фестивал „Таксират“ кој се најде меѓу најдобрите десет европски фестивали како финалист во категоријата „Најдобар фестивал во затворен простор“.
Ова признание „Таксират“ го доби и во 2016 година, а победниците од секоја категорија ќе бидат прогласени следната година на свеченото церемонијално доделување на Европските фестивалски награди, на 18-ти јануари во Гронинген, Холандија.
Да потсетиме, првиот „Таксират“ фестивал започна во 1999 година и од тогаш овој уникатен фестивал сè уште се одржува секоја година и сè уште има исклучително значајна улога во изградбата на „ново“ и подобро Скопје преку различни аспекти и пристапи на контра-културата. И покрај тоа што денес на сцената на „Таксират“ настапуваат големи светски и регионални музички ѕвезди, фестивалот сè уште успева да не премине во класичен комерцијален меинстрим настан и успева да го задржи својот оригинален имиџ со тоа што сè уште е цврсто заснован на темелите од своите почетоци односно идеалите и вербата во значењето на контра-културата.
