Здравје

Здравствени придобивки на кивито

21.12.2022 15:59

Кивито е добар извор на растителни влакна што може да помогне во одржување на здравјето на цревата и во намалување на холестеролот. Студиите покажале дека луѓето кои внимаваат и внесуваат храна богата со растителни влакна, имаат поздрава телесна тежина и намален ризик од развој на кардиоваскуларни заболувања.

Кивито е одличен извор на витамин Ц, кој докажано го зајакнува имунолошкиот систем, се бори против ефектите од стресот и против стареењето и помага во заздравување на раните. Во едно киви можете да најдете 53 мг витамин Ц, што е повеќе отколку што содржи еден портокал. Во една студија направена врз постара популација, резултатите покажале дека консумирањето киви може да помогне во намалување на времетраењето и на интензитетот на респираторните инфекции.

Кивито е исто така добар извор на калиум и го содржи повеќе отколку бананите. Калиумот е важен минерал за одржување на рамнотежата на течностите и на електролитите, а некои студии покажале дека луѓето кои имаат висок внес на калиум имаат помал крвен притисок. Некои од знаците дека имате недостаток на калиум се: грчеви во мускулите, замор и исцрпеност, висок притисок, вртоглавица, чувство на надуеност, жед и сува кожа, додека високиот внес на калиум е поврзан со намалениот ризик од мозочен удар, со одржувањето на густината на коскените минерали и со намалениот формирање камења во бубрезите.

Кивито е добар извор на растителни влакна што може да помогне во одржување на здравјето на цревата и во намалување на холестеролот. Студиите покажале дека луѓето кои внимаваат и внесуваат храна богата со растителни влакна, имаат поздрава телесна тежина и намален ризик од развој на кардиоваскуларни заболувања.

Луѓето сакаат да јадат киви, но водат дебати дали неговата кафеава лушпа се јаде или не. Лушпата од киви, како и внатрешноста, содржи висока концентрација на хранливи материи, растителни влакна и витамин Е. Таа содржи и многу антиоксиданти.

Луѓето честопати ја исфрлаат лушпата кога консумираат киви од едноставна причина – има непријатни вкус и текстура, но таа може да се јаде. Влакнестата површина на лушпата од киви може лесно да се отстрани со нежно триење од хартиена крпа над со лесно стружење со лажица.

Ако планирате да пробате лушпа од киви, изберете помало овошје. Помалите плодови имаат помека лушпа од поголемите.

Катерина Стојановска Десковска