Македонија
Претседателот Пендаровски утре ќе се обрати пред пратениците во Собранието
21.12.2022 16:26
Обраќањето на претседателот на државата Пендаровски е на 96-тата седница закажана за 11:00 часот.

Претседателот на државата Стево Пендаровски утре ќе го одржи своето годишно обраќање пред пратениците во Собранието.
Обраќањето на претседателот на државата Пендаровски е на 96-тата седница закажана за 11:00 часот.
Претседателот на државата традиционално секоја година одржува говор пред пратениците пред крајот на календарската година во кој изнесува свои ставови во врска со актуелните случувања во земјата и светот.
