Се проширува скандалот со корупција во ЕУ
Италијански медиуми пишуваат оти поранешниот европратеник Антонио Панцери, кој е обвинет дека е дел од корупцискиот скандал, изразил подготвеност да соработува со обвинителите и да им даде информации за сите членови инволвирани во случајот.

Се проширува скандалот со корупција во Европскиот парламент. Италијански медиуми пишуваат оти поранешниот европратеник Антонио Панцери, кој е обвинет дека е дел од корупцискиот скандал, изразил подготвеност да соработува со обвинителите и да им даде информации за сите членови инволвирани во случајот.
Освен имиња на некои пратеници, Панцери ја потврдил улогата и на амбасадорот на Мароко во Полска, како посредник со тајните служби и Италијанците вклучени во корупцискиот скандал.
Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, изјави дека скандалот „Катаргејт“ е драматичен и штетен за кредибилитетот на Европската унија и ја отежнува работата на европските институции во период на повеќекратни кризи.
