СЗО: Потенцијално опасен бран на Ковид-19 во Кина
Повеќе експерти алармираат дека ненадејното напуштање на нулта-ковид политиката во Кина предизвика и голем раст на инфекции, а проекциите покажуваат дека може да има над милион смртни случаи во 2023 година, што ја менува глобалната состојба со пандемијата.

Од Светската здравствена организација предупредуваат дека е прерано да се прогласи крај на вонредната ситуација со пандемијата на Ковид-19 поради потенцијално опасниот бран кој во моментов се случува во Кина.
Повеќе експерти алармираат дека ненадејното напуштање на нулта-ковид политиката во Кина предизвика и голем раст на инфекции, а проекциите покажуваат дека може да има над милион смртни случаи во 2023 година, што ја менува глобалната состојба со пандемијата.
Во септември директорот на СЗО изјави дека на пандемијата и се гледа крајот, но во минатата недела истакна дека се надева на крај на вонредната состојба во текот на наредната година.
