Собранието утре ќе ја продолжи расправата за дополнетиот Предлог-буџет
Во попладневниот дел од расправата се дискутираше и за основното образование, за различните програми и проекти кои досега се спроведувале во нашиот образовен систем, за грешките во учебниците, реформите, дигитализација, пристапот кон авторите на учебниците...

Расправата за дополнетиот Предлог-буџет за 2023 година ќе продолжи утре во 12 часот. Пратениците попладнево ја продолжија расправата, власта и опозицијата со спротивставени ставови.
Во попладневниот дел од расправата се дискутираше и за основното образование, за различните програми и проекти кои досега се спроведувале во нашиот образовен систем, за грешките во учебниците, реформите, дигитализација, пристапот кон авторите на учебниците…, изградбата на детски градинки, како и за платата, стандардот на граѓаните, инфлацијата, стопанството, сивата економија.
Вкупните расходи во Буџетот за 2023 година, се планирани во износ од 324,8 милијарди денари, или за 36,3 милијарди денари повисоки во однос на Буџетот за 2022 година. Проектираниот дефицит за 2023 година во износ од 42,7 милијарди денари како и отплатата на долгот во износ од 52,1 милијарди денари, од кои надворешен долг во износ од 36,5 милијарди денари и домашен долг во износ од 15,6 милијарди денари, ќе се финансираат преку домашно и странско задолжување.
