Мирчев: На Македонија не и треба широк плурален партиски систем
Во неговата публикација „Ферментацијата на демократијата и на нацијата“ тој јасно укажува дека...

На Македонија не и е потребен широк плурален партиски систем. Како мала, но многу разнородна држава повеќе ни одговара двопартиски, тврди професорот Димитар Мирчев.
„Одамна сум проценил дека нас широкиот плурален партиски систем не ни одговара, бидејќи сме мала и многу разнородна земја, и дека ни е потребен двопартиски систем, се разбира со албанските две големи партии кои ќе коалицираат со некого. Ние полека развиваме таков систем, но се разбира тој систем не треба да се сведе на меѓуетничка основа“, изјави професорот Мирчев.
Во неговата публикација „Ферментацијата на демократијата и на нацијата“ тој јасно укажува дека АСНОМ, доцните 60 години и осамостојувањето во 90 години како три македонски политички пролети се темелите врз кои продолжуваат демократските процеси во земјава.
