Почнуваат да лазат морниците!
Историја дефинитивно ќе се пишува во женскиот европски клубски ракомет, за првпат ќе се игра фајнл-фор. Четири тима ќе го започнат испишувањето на оваа финална шампионска форма, еден ќе биде запишан како победник.

Историја дефинитивно ќе се пишува во женскиот европски клубски ракомет, за првпат ќе се игра фајнл-фор. Четири тима ќе го започнат испишувањето на оваа финална шампионска форма, еден ќе биде запишан како победник.
Во фајнл-фор мрежата сплеткани, бранителот на тронот, Ѓер, финалистот од лани Будуќност, Митјиланд екипа со шампионско искуство во завршна 4-ка, и оној кој сите сакаме, и се надеваме, дека ќе го отсонува докрај сонот, најнеискусните по клубско име и боја во друштвото Вардар. По имињата и презимињата, респектабилен црвено-црниот звезден тим во светот на ракометот.
”Ние сме прв пат во Лигата на Шампионите и прв пат во фајнл-фор, ама не се предаваме. Ќе се надигруваме и девојките и ние тренерите.“- секогаш полна со борбен и позитивен дух, подготвена за оганот во Будимпешта, тренерот на ЖРК Вардар СЦБТ, Индира Кастратовиќ.
Првата пречка ја имаат нашите девојки во тимот осум пати досега во елитната 4-ка, Будуќност. Јованка Радичевиќ десното крило на вардарки покрај возбуденоста и подготвеноста за продолжување на континуитетот во подигнување на најпосакуваниот клубски пехар (лани со Ѓер), вели-”Не очекува тежок натпревар против Будуќност, тоа ќе биде средба на две екипи со балкански менталитет, со силни карактери. Сигурна сум дека нашето ½ финале ќе биде многу поинтересно од Ѓер-Митјиланд. Се надевам на добар натпревар каде ќе го дадеме својот максимум.“
Во сабота ја отвораат првата страна на новиот евро клупски бележник Ѓер и Митјиланд (15:00), комплетирањето на финалната двојка ја добиваме по одиграното на Вардар и Будуќност(17.30).
Во недела посакуваме сите, Вардарки да ја започнат, или довршат последната страна од историската црвено-црна бајка. Бајка пишувана низ клупските континентални ракометни паркети, бајка со дај боже среќен крај во бајковидната Будимпешта.
