Македонија

Одложено рочиште во „Титаник 2“ поради отсуство на Мијалков

22.12.2022 11:36

Рочиштето се одложи со образложение дека Мијалков не е спроведен од затворот во Струга, каде ја издржува затворската казна за „Империја“, по склучената спогодба...

Се одложи уште едно рочиште за „Титаник 2“, предмет каде обвинети се поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков , лидерот на ДПА Мендух Тачи, како и поранешните членови на ДИК Бедредин Ибраими, Анета Стефановска, Влатко Сајковски и Сашо Срцев.

Рочиштето се одложи со образложение дека Мијалков не е спроведен од затворот во Струга, каде ја издржува затворската казна за „Империја“, по склучената спогодба.

Делото на Мијалков во случајот во кој се обвинети и четворицата поранешни членови на Државната изборна комисија, застарува за  четири месеци.