Во земјава постојат региони каде може да се настрада од бомби, предупредуваат инвалидите цивили
Стотици деца настрадале од бомби и експлозиви кои останале на фронтот. Еден од нив, човекот кој го предводи Сојузот на инвалидите цивили ни раскажа како една детска безгрижност на екскурзија, го сменила целиот негов живот...

Војната убива и после завршувањето. Стотици деца настрадале од бомби и експлозиви кои останале на фронтот. Некои од љубопитност, некои од незнаење, но играњето со кобните предмети ги чинело скапо. Еден од нив, човекот кој го предводи Сојузот на инвалидите цивили ни раскажа како една детска безгрижност на екскурзија, го сменила целиот негов живот.
Од другата страна на Вардар под Саат-кулата, смеата се претворила во болка
Години наназад воделе кампањи за превенција од трагични случки особено за децата. Предупредуваат дека во земјава, уште постојат региони каде може да се настрада од бомби или експлозив.
Сега кога го прославуваат 5 деценискиот јубилеј инвалидите цивили велат дека се задоволни што од 2009 се израмнети со воените инвалиди и по однос на редовните примања и по однос на дополнителните средства за нега и помош.
Фиљана Кока
