Реакции

Власта и опозицијата за говорот на Пендаровски

22.12.2022 14:23

Вообичаено по говорот, реакции на парламентарните партии. Власта вели-говорот конструктивен, шефот на државата води европска политика. За опозицијата Пендаровски настапил како аналитичар, квалификувајќи го како послушник на власта...

Државничко обраќање, со поддршка на европските вредности-вака Социјалдемократите го оценија говорот на претседателот Пендаровски. Според нив, шефот на државата, точно ги лоцирал проблемите во општеството, Уставните измени како неопходност во евроинтегративниот процес наспроти популизмот и лажниот патриотизам на опозицијата.

За ВМРО-ДПМНЕ блед говор. Пендаровски наместо како претседателот настапил како аналитичар. Од партијата сметаат дека имало недостаток на внимание на вистинските проблеми-незавршени реформи во правосудството и недоволна борба со криминалот и корупцијата.

ДУИ со став – говорот на Пендаровски беше конструктивен. Се согласуваат со критиките на претседателот насочени кон институциите кои имаат ниска доверба од граѓаните, но велат како партија континуирано се залагаат за системски решенија.

За Алијансата на Албанците, пак шефот на државата во своето обраќање само констатирал, но не понудил решенија. Во услови кога правната држава капитулира, велат-тој дезертира во областа на борбата со криминалот и корупцијата, наместо да има визија за евроинтегративниот процес.

Претседателот Пендаровски најголемо внимание посвети на евроинтеграциите и уставните измени, но беше и самокритичен во заложбите за неселективна правда. И борба со корупцијата.

Марина Стојанова Тонева