„Бобочка“ понесе „Гран При“ на 16-от интернационален фестивал на монодрамата
На годинешново издание во официјалната конкуренција настапија 12 монодрами...

Хрватската монодрама „Бобочка“ во изведба на актерката Еција Ојданик, а работена по текст на Мирослав Крлежа и режија на Иван Лео Лемо ја понесе „Гран При-то“ на шеснаесетиот интернационален фестивал на монодрамата.
„Чувството е посебно. Подготовките за мојата прва монодрама траеја околу една година. Само со вистински стекната самодоверба може да се настапи во еден од најтешките театарски жанрови. Предизвикот е уште поголем кога треба да играте по текст на еден од најпознатите писатели на 20-иот век“, вели актерката Ојданик.
„Во текстовите на Крлежа има такви сложени реченици, во кој не смеете да си дозволите импровизација. Во спротивно ке го изгубите ритамот и пред публиката не ќе можите да ги прикажите емоциите и смислата на претставата“, рече актерката Еција Ојданик.
На годинешново издание во официјалната конкуренција настапија 12 монодрами од од исто толку земји. Според меѓународното жири, битолскиот фестивал ги оправда очекувањата.
„Би сакала да истакнам дека од година во година фестивалот добива на квалитет со програмата што ја нуди. Ова само докажува дека не случајно завзема високо место на мапата на фествалите од овој тип“, рече претседателката на интернационалното жири Мими Танеска Србиновска.
Најпрестижната и неколкуте споредни награди ке бидат доделени вечерва по што фестивалот ќе биде затворен со театарската претстава „Стјуардеси“ во изведба на театар „Комедија“ од Скопје.
Стевче Митревски
