Македонија

Граѓаните не се задоволни од поштенските услуги

22.12.2022 15:52

Граѓаните незадоволни од поштенските услуги. Пратките доцнат, не секогаш пристигнуваат на вистинската адреса. Агенцијата повика да се зголеми бројот на доставувачи за да се подигне нивото на услуги. Претставен извештајот за првото полугодие...

Поради зголемените поштенски пратки, потребно е да се зголеми и бројот на доставувачи за да се подигне услугата, смета Агенцијата за пошти.

Од 420 испитаници кои се правни лица, а 180 физички корисници, 88 проценти биле незадоволни од услугите на пошта.

Проблем претставува и големото доцнење на пратките и во тој дел најголем дел од испитаниците се незадоволни. Велат од агенцијата.

Во моментот има 36 лиценцирани даватели на поштенски услуги.

Дел од граѓаните велат дека воопшто не користат поштенски услуги.

Александра Спировска