Македонија
Нови дојави за бомби во осум училишта во Скопје
22.12.2022 15:09
Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите...

Повторно дојави за бомби. Во СВР Скопје e пријавено дека на електронските адреси на осум училишта во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна направа.
Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите.
