Раното откривање на првите знаци на аутизмот, клучни за успешен третман
Со работа, од секое дете може да се извлече максимумот, но мора да постои соработка со предучилишните и со здравствените институции. Здравствените институции се тие што треба да го утврдуваат проблемот кај децата. Недостасува развојното следење...

Раното откривање на првите знаци на аутизмот се клучни за успешен третман. Тоа ќе му помогне на детето да ја добие потребната помош да учи и да напредува, советуваат стручните лица. Велат дека со работа, од секое дете може да се извлече максимумот, но мора да постои соработка со предучилишните и со здравствените институции.
Здравствените институции се тие што треба да го утврдуваат проблемот кај децата. Недостасува развојното следење. Родителите се оставени сами во откривањето на аутизмот, некои имаат лесни нарушувања други пак имаат повеќе пречки за надминување. Затоа се потребни редовни контроли и скрининзи.
Според светската статистика на 100 деца, се раѓа едно со аутизам. За овие деца важна е инклузијата, а за родителите како да се справат со непознатото.
Ана Ј. Тодоровска
