Повторно дојави за поставени бомби, МВР прави проверки
Попладнево, нови дојави за поставени бомби. Цел беа повеќе од училишта во Скопје, основни и средни, на чиишто адреси пристигнала порака со заканувачка содржана за поставена експлозивна направа…

Тринаесет училишта мета на закани за бомби откако на електронските адреси стигнале пораки дека во просториите е поставена експлозивна направа. Евакуиран наставниот кадар и учениците, МВР спроведе антитерористички проверки. Средношколците со часови чекаа да се вратат на часови, дел заминаа дома.
За заканите за бомби кои беа испратени во Делчево и Кавадарци, министерот Спасовски рече дека полицијата влегла во трага на дел од дојавувачите, но не откри дополнителни детали. Истрагата ќе биде проширена, а безбедносните служби ќе ги зајакнат капацитетите за да се одбранат од каков било хибриден напад. Досега сите закани за поставени бомби беа лажни.
Покрај средните училишта, изминативе месеци мета на закани беа институции, министерства, трговски центри, станбени објекти. МВР трага по сторителите.
Викторија Милевска
