Култура

Ретроспективна изложба – 30 години творештво на ликовниот уметник Нехат Беќири

22.12.2022 19:02

Куратор на изложбата е Маја Крстевска, виш кустос во Националната галерија, а на изложбата е биде претставена композиција од над стотина слики во техника акрил на платно од неговиот творечки опус, инсталации и графики.

Во Националната галерија, објект Чифте амам е поставена  Ретроспективната изложба „30 години творештво“ на ликовниот уметник и универзитетски професор Нехат Беќири.

Куратор на изложбата е Маја Крстевска, виш кустос во Националната галерија, а на изложбата е биде претставена композиција од  над стотина слики во техника акрил на платно од неговиот творечки опус, инсталации и графики.

Нехат Беќири е роден во Тетово, дипломирал сликарство на Ликовната академија во Приштина во класата на проф. Муслим Мулиќи, каде и магистрирал, во 2001 г. Работи како редовен професор по сликарство на Државниот универзитет во Тетово и предава на Интернационалниот универзитет во Нови Пазар. Член е на Друштвото на ликовни уметници на Македонија. Покрај дисциплината сликарство, работи и други медиуми, скулптура, инсталација. Неговите дела се наоѓаат во повеќе државни и приватни колекции во земјата и во странство Беќири се вбројува во најактивните и најдоследните уметници кај нас. Има реализирано над триесет самостојни изложби, бил учесник на бројни ликовни колонии, како и на голем број групни изложби.

„За богатото творештво на експресивниот, динамичен и неуморен сликар Нехат Беќири, наместо заклучок – бидејќи од него во иднина се очекуваат уште многу творечки изненадувања – можеме да сублимираме дека неговото досегашно сликарство е исклучително индивидуално и искрено, а неговите дела се одраз на нескриените внатрешни емоции во однос на темите чиј опсег на интерес се движи од длабоко интимни до универзални. Во својата основа, тоа е длабоко хуманистичко сликарство и за свој центар го има Човекот, чие присуство најчесто се чувствува токму преку отсуството во делата. Бидејќи тој е претпоставено мерило на сите ствари, треба да бидеме освестени и опоменати дека неговото егоистично дејствување е спротивно на благосостојбата на човештвото и е, најблаго речено, девастирачко“,се  вели во најавта за изложбата од Националната галерија.

На отворањето на изложбата се обрати директорката на Националната галерија Дита Старова Ќерими.