СДСМ одлучува за следните насоки на политичко дејствување
Вечерва во 19 часот истекува рокот за поднесување на приговори до ДИК...

Најтесното партиско раководство на СДСМ од попладнево ќе почне да одлучува кои ќе бидат следните насоки на политичкото дејствување откако партијата зазема став да не ги признае изборните резултати. Партиски извори за утре најавуваат седница на централниот одбор на која треба да донесат став дали ќе ги вратат добиените пратенички мандати.
Вечерва во 19 часот истекува рокот за поднесување на приговори до ДИК за изборни нерегуларности. Се уште е неизвесно дали партијата ќе достави забелешки за изборни нерегуларности до ДИК. Од центарот за комуникации велат дека приговори нема да се доставуваат, затоа што, како што велат не станува збор за 50-тина гласа, туку за целосно неприфаќање на изборниот процес. Од друга страна, од партиското раководство велат дека партиските тела дополнително ќе одлучуваат дали ќе достават приговори.
Лидерот на партијата Зоран Заев веќе најави дека изборните резултати не се признаваат и побара формирање на техничка влада која ќе управува со државата се додека не се создадат, како што рече, услови за оддржување на фер и демократски избори. Од СДСМ велат дека одлуките што ќе ги донесе партиското раководство ќе бидат објавени во текот на утрешниот ден.
Анита Димитријевска
