Едрене

Македонија отвора почесен конзулат во Едрене

23.12.2022 08:55

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска ќе го отвори првиот почесен конзулат на Македонија во регионот на Едрене, Република Турција...

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска ќе го отвори првиот почесен конзулат на Македонија во регионот на Едрене, Република Турција.

Во рамките на посетата, Османи ќе има средба и со валијата на Едрене, Хусејин Куршат Кирбијик, како и со наши студенти кои студираат на Универзитетот Тракија во овој град.

Градот Едрене како трговски центар има континуирана растечка индустрија и отворањето на почесниот конзулат токму во овој град дополнително ќе ги зајакне, трговските, културните и туристички врски меѓу Македонија и овој регион на Турција, соопшти МНР.

Почесен конзул на Македонија во Турција со јурисдикциско подрачје за областите на Едрене, К’ркларели и Текирдаг, со седиште во Едрене, е Есер Џевахир.