Сообраќај
МВР: 149 санкционирани возачи во Скопје
23.12.2022 08:58
Изречени се 12 мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), пет санкции за користење мобилен телефон...

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 149 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина шест санкции, 11 мерки за возење без возачка дозвола, 13 санкции за возење под дејство на алкохол.
Изречени се 12 мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), пет санкции за користење мобилен телефон, информираат од МВР.
