САД
Циклонска зимска бура им се заканува на САД
23.12.2022 09:51
Издадени се предупредувања за повеќе од 135 милиони луѓе, од Флорида до границата меѓу САД и Мексико...

Илјадници летови се откажани, откако американските метеоролози предупредија на моќна циклонска зимска бура во централните и источните делови на земјата, што би можело да создадат големи прекини во сообраќајот за време на празничниот период.
Издадени се предупредувања за повеќе од 135 милиони луѓе, од Флорида до границата меѓу САД и Мексико.
Вонредна состојба прогласија гувернерите на Њујорк, на Кентаки, Северна Каролина, Западна Вирџинија, Џорџија и Оклахома. Властите предупредуваат на прекини со електрична енергија и снабдувањето со вода поради екстремно ниски температури.
