Косово

Влошена безбедносна состојба на северот на Косово

23.12.2022 09:55

Косовскиот министер за внатрешни работи посочи дека чека што поскоро КФОР да реагира, а доколку тоа не се случи, Приштина сама ќе ги отстрани барикадите...

Косовскиот министер за внатрешни работи, изјави дека безбедносната состојба на северот на земјата е влошена. Тој посочи дека чека што поскоро КФОР да реагира, а доколку тоа не се случи, Приштина сама ќе ги отстрани барикадите.

На вчерашниот протест во Рударе и Звечан, Српската листа, партија која функционира на Косово со поддршка на Белград, ги претстави условите за отстранување на барикадите. Побараа ослободување на уапсените Срби, повлекување на тајните списоци за апсење и повлекување на специјалните единици на косовската полиција.