Свет

Големи пожари во Чиле, двајца загинати

23.12.2022 09:57

Пожарот што зафати околу 110 хектари шума и изгоре околу 200 куќи, се стравува дека може да зафати и компанија за производство и дистрибуција на електрична енергија...

Најмалку две лица загинаа во големите пожари, што избувнаа во крајбрежниот град Вентанас во Чиле. Пожарот што зафати околу 110 хектари шума и изгоре околу 200 куќи, се стравува дека може да зафати и компанија за производство и дистрибуција на електрична енергија.

Во соопштението на компанијата која управува со термоцентралата на јаглен, се наведува дека компанијата ги презема сите мерки пожарот да не ги зафати инсталациите на електраната. Еден блок е исклучен поради безбедносни протоколи, додека другите блокови работат нормално.