Разликата во гласови меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ се должи на понудените проекти

29.04.2014 17:37

Доверба на партијата на Груевски на овие избори и дадоа 481 илјада 615 граѓани, а партијата на Заев доби 283 илјади 955 гласови. Тоа е 61 наспроти 34 мандати...

Пред три години СДСМ изгуби со 70.000 разлика од ВМРО-ДПМНЕ, на овие избори со 200.000 гласа, речиси трипати повеќе од 2011. На ниво на освоени гласови, новата победа на ВМРО-ДПМНЕ е најсилна по 2008.

Во 2011- та година владејачката партија освои 438 илјади 138 гласови, а опозициската 368 илјади 496 гласа, односно 56 пратенички мандати за ВМРО-ДПМНЕ наспроти 42 на СДСМ. Сликата на освоени гласови и пратенички мандати во 2008-та пак е 481 илјада 501 глас наспроти 233 илјади 284 гласа,или 63 пратеника наспроти 27 на опозицијата. Доверба на партијата на Груевски на овие избори и дадоа 481 илјада 615 граѓани, а партијата на Заев доби 283 илјади 955 гласови. Тоа е 61 наспроти 34 мандати.

Според аналитичарот Сашо Клековски, тоа се должи на понудените проекти со конкретни рокови на реализација од една страна и безидејност од друга страна и променетиот однос  во кампањата.

„Целосно преминаа во негативна кампања, која спорд некои компаративни искуства од други земји кое влијае на намалувње на определувањето на неопределените но не ги разуверува определените... Премиерот Груевски лично, многу едноставно, како никогаш досега го формулира главното ветување “, смета Клековски.

ВМРО-ДПМНЕ е на власт од 2006-та година и победува во четири последователни изборни циклуси за парламентарни избори. Ако се спореди бројот на добиените гласови, очигледно е дека се повеќе граѓани веруваат во политиките што ги води ВМРО-ДПМНЕ. Споредбено со изборите во 2011-та и годинава, СДСМ изгуби речиси 100.000 гласови.Партијата на чело со Црвенковски имаше 368.496 гласа, а под раководство на Заев 283.955 гласови.

„Мислам дека влезени во јазот на тие нереални очекувања, емотивно реагираа на тоа што се случува“, додава Клековски.

Дали апетитите на Социјалдемократите беа поголеми?Очигледно изборниот исход не им одеше во прилог,па како што анализира Клековски ,решија да не ги прифаќаат изборните резултати. На СДСМ им порача конструктивно приклучување во Парламентот.

 

Наташа Гркова-Петрушевска